Објавувањето информации спротивни на официјалниот наратив на Москва за нејзината инвазија на Украина, која таа ја нарекува „специјална воена операција“, е нелегално според законите усвоени набргу откако Кремљ испрати војници во својот западен сосед.
Московскиот окружен суд Симоновски го казни Новое времја по три точки за објавување „лаги“ за војна, изјави за Интерфакс адвокатот на весникот Леонид Соловјов.
Не се знае кои членови се поврзани со казните.
Истакнатиот адвокат за човекови права Павел Чиков рече дека казните произлегуваат од написите објавени по почетокот на војната на 24 февруари, но пред донесувањето на новите закони во почетокот на март.
Новое времја е руски неделен магазин што стана информативен онлајн-медиум.
Неговата главна уредничка, познатата независна новинарка Јевгенија Албац, се изјасни како невина по обвиненијата.
Албац претходно беше казнета со истото обвинение на 30 март и ѝ беше наредено да плати 120.000 рубли (2.191 долар).