Тој бил поврзан со Универзитетот во Единбург и е познат по работата против карциноми.
Животот го загубил во саботата кога паднал од прозорец на 14. кат на зграда, а телото на плочникот пред зградата го нашле соседите.
Кагански бил во долна облека и на телото имал рана.
Рускиот истражен кабинет отвори истрага за убиството на Кагански и уапсил осомничен 45-годишен маж, јавува ТАСС. Осомничениот наводно бил школски пријател на Кагански, а кажал дека биологот бил психички нестабилен пред смртта и дека се повредил со нож, јавува Москоу тајмс.
Кагански, според осомничениот, скокнал кога тој се обидел да му го земе ножот од рака. Полицијата верува дека тие двајца се степале пред Кагански да падне.
Кагански на Универзитетот во Единбург работел 13 години, до 2017.
Потоа бил директор на Центарот за геномска и регенеративна медицина при Федералниот универзитет во Владивосток, а продолжил и соработката со државна образовна установа. Работел и на развојот на вакцината против коронавирусот.