„Државниот истражувачки центар Вектор стана прв во светот што го фотографираше новиот вид на британскиот коронавирус, изолиран од пациент во декември 2020 година. Фотографијата на вирусот под микроскоп е направена за време на тековните истражувања на новата варијанта на коронавирусот, вклучувајќи ги структурните карактеристики и експресијата во клеточните култури и експериментални модели со употреба на лабораториски животни“, се вели во соопштението.
Руските научници исто така тврдат дека развиле ПЦР тестови кои можат да ја детектираат новата варијанта.
„Мутациите што се карактеристични за британскиот вид на коронавирус, не влијаат на ефикасноста на вакцината Епи-вак-корона, која содржи пептидни антигени кои спаѓаат во конзервативните делови на вирусниот протеин, што не е под влијание на промените откриени во вирусот“, се додава во соопштението.