Руски момчиња обвинети за анархизам си ги пресекоа вените на судење (ВИДЕО)

Двајца Руси на кои им се суди поради припадност на анархистичка организација си ги пресекоа вените во московска судница. На 25-годишниот Руслан Костиљенков и 20-годишниот Вјачеслав Крјуков им се суди за екстремизам и активности во групата Новое величие (Нова величина).

Службениците брзо ги тргнале од нивните места во судницата, а засега нема информации за нивната здравствена состојба, јавува Би-би-си.

Двете момчиња предале барање за домашен притвор, но им било одбиено. Откако судот им ја објаснил причината за неприфаќање на барањето, момчињата наводно на судијата му кажале дека станува збор за неправедно судење.

„Слава на Русија, слобода за Русија, слобода за политичките затвореници!“, викнале тие и си ги пресекле вените на рацете.

Адвокатот Александар Лупашко изјави дека не му е јасно како осомничените успеале во судницата да внесат остри предмети.

„Ги проверија и со кучиња. Не разбирам. Изгледа успеале да внесат парче стакло или сечила“, додаде тој.

Светлана Сидоркина, адвокатката на Руслан Костљенков, кажа дека момчињата повеќе не можеле да го поднесат судењето, особено поради тоа што сите докази упатуваат дека не извршиле никакво злосторство.

Костљенков и Крјуков се дел од група од 10 млади луѓе на кои им се суди за обвинувања за учество во екстремистичка организација која се обидела да ја урне владата на Владимир Путин. Меѓу осомничените има и тинејџери. Целиот случај на обвинителството наводно се темели на сведоштво на полицаец кој на тајна задача се придружил на групата.

Според руските медиуми, против една членка на групата, 19-годишната Ана Павликова, веќе е поднесено обвинение. Во затворот ѝ се влошило здравјето, а подоцна била префрлена во домашен притвор.

Организациите за човекови права сметаат дека доказите се наместени, а родителите на осомничените тврдат дека групата на состаноците разговарала за проблеми од секојдневниот живот како за училиште, работа, а во некои случаи и за политика.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе