Руски министер: Отстранети се сите пречки за признавање на вакцината Спутник V во СЗО

Сите пречки за признавање на руската вакцина против коронавирусот Спутник V во Светската здравствена организација се отстранети, останаа само некои административни процедури, изјави министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, во Женева.

Фото: ЕПА

„Не гледаме никакви пречки за понатамошната работа. Ова ни го потврди генералниот директор на СЗО“, рече Мурашко на прес-конференција во Женева по состанокот со директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесе ТАСС.

„Сега е неопходно компанијата што се занимава со регистрација на вакцината во СЗО да потпише и да достави документи. Тоа е административна постапка“, рече Мурашко.

Гебрејесус му се заблагодари на рускиот министер за здравство за посетата, велејќи дека средбата била конструктивна.

Во Женева Мурашко разговараше и со американските претставници за прашањето за заемно признавање на сертификатите за вакцинираност против ковид-19.

„Американските претставници ги слушнаа аргументите на Русија и сфатија дека тоа е рационално, бидејќи одобрувањето вакцина што ќе се продава на пазарот и одобрувањето вакцина за директна превенција на ковид-19 се различни процеси“, посочи тој.

Тој прецизираше дека треба да разговараат за признавање на сертификати, а не на вакцини, како и за ефикасноста на превентивните мерки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе