ОД СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ

Руски маринец убиен во акцијата за спасување на пилотите од авионот соборен од Турците (ВИДЕО)

Руски маринец бил застрелан од сириските бунтовници кога припукале кон неговиот хеликоптер за време на потрагата по двајцата пилоти од авионот што го соборија Турците.

Сириската бунтовничка туркменистанска бригада вчера тврдеше дека едниот пилот од авионот го застрелале додека се спуштал со падобран. Другиот пилот е спасен од сириските специјалци и се наоѓа на безбедно.

По уривањето на авионот Русите почнаа голема потрага по пилотите, во која во областа на падот на авионот во крајбрежната провинција Латакија беа испратени два хеликоптери.

Рускиот претставник за одбрана, генерал-потполковник Сергеј Рудској за Би-би-си објасни како мисијата на двата хеликоптери Ми-8 тргнала на лошо.

„За време на операцијата кон еден од хеликоптерите било припукано од лесно оружје, тој беше оштетен и принудно слета на неутрална територија“, рече тој.

„Еден поморски маринец што служеше по договор беше убиен.“

Остатокот од спасувачкиот тим бил евакуиран од областа во најблиската воена база на Русија во Сирија, Кмејмим.

Но тие го оставиле зад себе погодениот хеликоптер, за кој Слободната сириска армија рече дека го уништила на земја со антитенковска ракета. Групата објави видео што наводно го покажува моментот на ударот, пренесе Индипендент.

Турција стана првата земја од НАТО што соборила руски воен авион по повеќе од половина век, во вторникот наутро, кога соопшти дека два турски ловци Ф-16 пресретнале два руски авиони што ја нарушиле турската граница.

Во писмо до Советот за безбедност на ОН и до генералниот секретар Бан Ки-Мун, Турција рече дека руските воени авион го повредиле нејзиниот воздушен простор „на длабочина од 1,36 милји и 1,15 милји (2 и 1,8 километри)... во текот на 17 секунди“, во 9:24 часот по локално време.

Во писмото се наведува дека еден од авионите потоа го напуштил турскиот воздушен простор, а во другиот било пукано од турските авиони Ф-16 „во согласност со правилата на договорот“ и тој се урнал на сириската страна од границата.

Русија, која претходно не претрпе никакви жртви во бомбардирањето на сириските милитантни групи, инсистира дека авионот цело време летал над Сирија.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе