Руски ловци пресретнаа американски авиони над Црно Море

Руски борбени авиони СУ-30СМ и СУ-278 пресретнаа два американски шпионски извидувачки авиони што се приближуваа кон рускиот воздушен простор над Црно Море, соопштија денеска од Националниот центар за управување на одбраната на Русија.

Фото: ЕПА

Во соопштението од Центарот се наведува дека руската контрола на воздушниот простор на Јужниот воен округ открила два авиони над Црно Море што се приближувале до рускиот воздушен простор.

„Руските борбени авиони на Јужниот воен округ полетаа веднаш откако беа откриени два авиони над Црно Море и се приближија кон воздушните цели на безбедно растојание. Авионите што се приближуваа кон рускиот воздушен простор беа идентификувани како американски извиднички авиони ЕП-3Е Ариес и ЦЛ-600 Челенџер. Руските авиони ги спроведоа подалеку од рускиот воздушен простор над Црно Море“, се наведува во соопштението на Националниот центар за управување на одбраната на Русија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе