Tој сè снимал

Руски јутјубер ја заклучил трудната девојка на балкон, смрзнала и умрела (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Руски јутјубер е уапсен откако снимал и пренесувал во живо како неговата трудна девојка умира од студ.

Screenshot

Стас Реифлеј наводно ја натерал Валентина Григориева да излезе на балкон носејќи на себе долна облека додека надвор било под нулата.

Еден негов пријател му платил на 30-годишниот Рифлај 1.000 долари да сними како се смрзнува неговата девојка. 28-годишната Валентина, која била во ран стадиум на бременоста, умрела од хипотермија во својата изнајмена куќа во селото Ивановка во околината на Москва.

Рифлај, чие вистинско име е Станислав Решетников, ја снимал девојката и тоа го пренесувал на Јутјуб дури и кога сфатил дека е „полумртва’. Потоа се гледа како ја внесува внатре и се обидува да ја оживее.

Се слуша како кажува дека изгледа како мртва и дека не го слуша нејзиното срце.

Потоа на своите гледачи им кажува: „Нема пулс... Бледа е. Не дише“.

Тој продолжил да го пренесува целиот настан на Јутјуб дури и откако викнал брза помош и кога пристигнале болничарите и ја прогласиле за мртва.

Рифлај заработувал на уплати преку интернет. „Донации“ му уплаќале и неговите пријатели. Во емитувањето пред фаталното Валентина ја прскал со солзавец.

Ако форензичарите докажат дека неговата девојка умрела од хипотермија, му се закануваат до две години затвор.

Предупредуваме дека снимката може да биде вознемирувачка:

Легенда под Главна слика

Screenshot

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе