Скајбот Ф-850

Руски хуманоиден робот полета кон вселенската станица (ФОТО+ВИДЕО)

Руската ракета Сојуз-2.1 полета од космодромот Бајконур како дел од тест летот да се провери компатибилноста на надградениот бустер и вселенското летало - што овој пат носи само хуманоиден робот до Меѓународната вселенска станица (ИСС).

„Летот ќе се изврши во беспилотна состојба. Тоа ќе биде тест-лет за ракетата носач Сојуз-2.1а, која претходно се користеше за испорака на вселенски товар и разни сателити во орбитата“, соопшти руската вселенска корпорација Роскосмос.

Роботот Скајбот Ф-850, познат како Федор, седна на капетанското место на Сојуз 2.1 и се очекува вселенското летало во сабота да пристигне до Меѓународната вселенска станица.

Андроидот ќе го поздрави екипажот стациониран во орбитата со специјална порака, а во исто време до Земјата ќе пренесува телеметриски податоци и параметрите поврзани со безбедноста на летот.

За време на својата 17-дневна вселенска мисија, Скајбот Ф-850 ќе учествува во „пет или шест научни задачи“, истакна Евгениј Дудоров, извршен директор на Андроид технологија, производител на роботот, нагласувајќи дека „тие научни задачи се класифицирани“.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе