Технолошкиот гигант ќе удри по таканаречениот Глуптеб ботнет и ќе ги тужи двајцата Руси што наводно стојат зад нападот.
Станува збор за озлогласен малвер познат по тоа што ја презема контролата врз оперативните системи Виндоус на компјутерите.
Кога малверот ќе влезе, крадците можат да крадат податоци, детали за поединци, но и да користат машина за „рударење“ криптовалути.
Злонамерниот напад секојдневно се ширел на илјадници уреди.
Гугл соопшти дека ја запрел хакерската операција со укинување на околу 63 милиони Гугл-документи кај кои е утврдено дека го споделуваат Глуптеб, повеќе од 1.100 Гугл-профили и 870 Гугл-огласи.
Сепак, Гугл предупредува дека сајбер-криминалците што стојат зад нападот презеле чекори за да ја одржат мрежата вклучена.
„Ги разбираме и ги препознаваме заканите со кои се соочува интернетот и правиме сѐ што можеме за да ги решиме“, изјави американскиот технолошки гигант.