Руски генерал во пензија: Прво ќе ја збришеме Британија, а потоа доаѓа војната со НАТО

Рускиот пензиониран генерал-полковник Јевгениј Бужински во програмата во живо на Русија 1 ѝ се закани на Британија со целосно уништување, а потоа рече и дека ќе има војна со НАТО.

Фото: скриншот

Коментирајќи ја изјавата на новиот лидер на британската армија, сер Патрик Сандерс, кој рече дека британската војска мора да ги подготви своите сили за заедно со сојузниците да се борат против Русија и да победат, тој рече: „Во случај на трета светска војна, Британија физички ќе престане да постои. Тој остров ќе исчезне, па не знам каде ќе живеат тој и неговите потомци“, рече тој.

Тој го повика Путин да испрати нуклеарно оружје во Калининград, додавајќи дека Западот сака да ја истисне Русија од Балтикот со тоа што прво ќе го отсече Калининград, а потоа ќе ја одземе таа ексклава од Русија.

Тој рече дека Путин треба да го повлече признавањето на Литванија, да ѝ го одземе пристапот до енергенси, а потоа да прибегне кон „воени мерки“.

Тој исто така тврдеше дека Америка „игра со оган“.

„Си играте со нас до точка кога Русија повеќе нема да запре бидејќи ова е закана за нашата национална безбедност, закана за нашата суверена територија. Светот ќе го почувствува тоа, украинското жито ќе изгледа како шега во споредба со нашите решителни чекори“, тој рече.

На прашањето дали тоа значи војна со НАТО, тој одговори: „Да, што друго ќе правиме? Во спротивно ќе нѐ задушат...“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе