Руски генерал: Интензивните вежби на руската граница навестуваат дека НАТО се подготвува за голем конфликт

Воените вежби на НАТО во балтичките земји, Полска, како и во водите на Црното и Балтичкото Море, укажуваат дека Северноатлантската алијанса се подготвува за конфликт од големи размери, изјави началникот на генералштабот на оружените сили на Русија Валериј Герасимов, обраќајќи им се на странските воени аташеа.

Тој, притоа, напомена дека воениот пакт ја промовира тезата за „руската воена закана“, толкувајќи го секој потег на Русија во областа на безбедноста или секој планиран транспарентен настан во областа на воената изградба како „закана за мирот“.

„Во доктринарните документи на Брисел, Русија има статус на противник“, истакна генералот.

„Од друга страна, на последниот самит на НАТО во Лондон дури беше објавено дека е завршено формирањето на силите и средствата за висока готовност во рамки на иницијативата „четири-триесет“. Најавено е и значително зголемување на ефикасноста на префрлањето трупи и сили на „источното крило“ на Алијансата“, додаде Герасимов.

„За да се обезбеди доминација во вселената на самитот беше одлучено вселената да се признае за посебна област на водење воени дејства паралелно со копното, воздухот, морето и сајберпросторот“, додаде рускиот генерал потсетувајќи дека продолжува распоредувањето на американските сили на противракетната одбрана во Европа.

Герасимов потсети и дека од 2016 година земјите членки на воениот пакт ги зголемија трошоците за одбрана за 130 милијарди долари, а се планира до 2024 година да се зголемат за 400 милијарди долари. Тој истакна дека акциите на блокот ги зголемуваат тензиите и го намалуваат нивото на безбедноста на линијата на контакт меѓу Русија и НАТО.

Тој кажа дека е потребно да се обнови соработката меѓу Русија и НАТО за решавање на натрупаните проблематични прашања.

„Намалувањето на ризикот од опасни инциденти во воената област би требало да остане најважна област на дијалогот меѓу Русија од едната и Соединетите Американски Држави и НАТО од другата страна. Неопходно е да се обнови соработката на Русија и НАТО за да се решат натрупаните проблематични прашања“, објасни генералот Герасимов.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе