По инцидентот во Црното Море

Руски дипломат: Следниот пат може нема да пукаме само во близина туку и во самиот брод

Русија има право да бомбардира кога странски воени бродови ги кршат нејзините морски граници, кажа денес заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков коментирајќи го инцидентот во Црното Море.

Screenshot: Youtube

„А што можеме да правиме? Можеме да апелираме на здрав разум, да бараме почитување на меѓународното право. Ако тоа не помогне, можеме да бомбардираме не само во насока на метата туку и во самата мета. Ги предупредува сите кои ги кршат државните граници на Руската Федерација под слоганот на слободна пловидба да се воздржат од такви провокативни чекори, бидејќи безбедноста на нашата земја е на прво место“, кажа тој.

„Територијалниот интегритет на Руската Федерација е неповредлив. Неповредливоста на нејзините граници е апсолутен императив и за тоа ќе се бориме со дипломатски, политички и, ако е потребно, со воени средства“, кажа Рјабков, а пренесува ТАСС.

Вчера руското министерство за одбрана објави дека руски воен брод пукал како предупредување во насока на британски разурнувач кој впловил во руски територијални води во Црното Море.

ХМС Дифендер веднаш ги напуштил руските води, откако навлегол три километри во руска територија, наведе руското министерство.

Соочувањето се случило во близина на ртот Фиолент на полустровот Крим.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Youtube

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе