Руски дипломат најден мртов кај амбасадата во Берлин

Руски дипломат е пронајден мртов во близина на руската амбасада во Берлин. Според првичните информации, мажот паднал од прозорец.

Фото: ЕПА

Според Шпигл, починатиот маж бил 35-годишен втор секретар, кој работел во амбасадата. Списанието вели дека мажот паднал од горниот кат на зградата. Неговото тело, наводно, било откриено на 19 октомври.

Руската амбасада во Германија објави кратко соопштение како одговор на информациите, велејќи дека „од етички причини нема да го коментира овој трагичен настан“.

Извештаите велат дека амбасадата не се согласила да се изврши обдукција во Германија, и затоа телото било пренесено во Русија. Германските власти не беа во можност да го истражат инцидентот поради дипломатскиот статус на починатиот, пишува Шпигл.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе