Снимка од кокпитот

Руски борбен авион пресретна американски стратегиски бомбардер Б-52 (ВИДЕО)

Руски борбени авиони сухој Су-27 двапати на руските западни и јужни граници пресретнале американски стратегиски Б-52Х, соопшти руското министерство за одбрана.

„Блиските средби“ на руските и американските воени авиони се случиле над Балтичко и Црното Море.

Руското министерство потврди дека во понеделникот двапати пресретнале американски стратегиски бомбардери, не наведувајќи го точниот број на авионите кои учествувале во средбите.

„Екипажите на руски борбени авиони сухој Су-27 пресретнаа стратегиски бомбардери Б-52Х на американското воено воздухопловство кои се приближија на руската државна граница од насока на Балтичко и Црното Море“, соопшти руската војска. Во соопштението се истакнува дека „американските авиони не ги прекршиле гранични прописи“ и се фалат руските пилоти кои американските бомбардери „ги оддалечиле мирно и во согласност со меѓународните правила“.

Американски стратегиски авиони, вклучувајќи и разузнавачки авиони, во последните неколку години активно го надлетуваат воздушниот простор во близина на руските граници, при што често доаѓа до средби со руски борбени авиони, кои ги испраќаат.

Иако досега немало поголеми инциденти, Москва и Вашингтон заемно се обвинуваат за непријателско дејствување, при што Русија инсистира дека таквите летови предизвикуваат непотребни тензии, додека САД се жалат на непрофесионално постапување на руските пилоти при пресретнувањата.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе