Руски борбен авион по грешка урнат за време на воена вежба, пилотите преживеале (ВИДЕО)

Ловец сухој Су-30 вреден 50 милиони долари по грешка бил урнат од друг авион за време на воена вежба во централна Русија, јавуваат руските агенции.

EPA-EFE

Двата пилоти безбедно се катапултирале.

Од Западниот воен округ на Русија е соопштено дека авионот се урнал во Тверскиот округ, а дека пилотите биле најдени во „задоволувачка состојба“.

Иако војската не објави детали за причините за уривањето, медиумите јавуваат дека борбениот авион бил соборен. Првичните информации откриваат дека леталото било најверојатно соборено од друг авион, јави руската новинска агенција ТАСС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе