Над Балтикот

Руски борбен авион „избркал“ шпионски авиони на САД и Шведска, објавена снимка од кокпитот (ВИДЕО)

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека итно бил активиран воен авион сухој Су-27 поради разузнавачки авиони на САД и Шведска.

Во соопштението, кое го пренесе Раша тудеј, се наведува дека разузнавачките авиони летале кон воздушниот простор на Русија над Балтичкото Море. Се истакннува дека „сухојот“ набрзо ги „избркал“ двете летала, а на социјалните мрежи беше постирана снимка од кокпитот на рускиот ловец.

Авионите кои се приближувале до рускиот воздушен простор се идентификувани како РЦ-135 на воздухопловните сили на САД и шведски авион за собирање разузнавачки информации „галфстрим“.

„Сухојот“ летал на безбедна одалеченост, испраќајќи ги од воздушниот простор, истовремено обезбедувајќи да не дојде до инцидент, додава министерството за одбрана на Русија.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе