Во близина на турската граница

Руски авиони бомбардирале бунтовнички кампови во Сирија (ВИДЕО)

Руски авиони погодиле денес кампови за обука на бунтовниците на северозападот на Сирија во близина на турската граница, а сириската артилерија убила седум цивили и повредила 14 здравствени работници во гранатирање на болница во тој регион, тврдат бунтовниците.

EPA-EFE

Изворите наведуваат дека во рускиот напад со проектили е гаѓан и градот Ках, додека руските авиони ги гаѓале и густо населените бегалски кампови долж границата со Турција. Погоден е и терминал за гас во близина на градот Сармада во провинцијата Идлиб, но нема вести за жртви.

Портпаролот на Националната војска, бунтовничката алијанса која на северозападот ја поддржуваат Турците, изјави дека Русија, која ја поддржува владата во Дамаск, се обидува да го дестабилизира последното упориште на бунтовниците во Сирија, но дека не се очекува голем напад врз Идлиб во скоро време.

„Руските воздушни напади продолжуваат. Балистички ракети паѓаа и во близина на цивилни места“, изјави за Ројтерс мајорот Јусеф Хамуд. „Тие поттикнуваат создавање хаос и конфузија“.

Турското министерство за одбрана соопшти дека ракета лансирана од сириските власти го погодила Ках и паркинг за камиони и приколки во близина на Сармада, ранувајќи седум цивили.

Според турското министерство, на Русија ѝ е испратено барање за итен прекин на нападот. На турските трупи им е издадено предупредување за можни напади.

Од Москва никој не ја коментирал ситуацијата.

Бунтовнички извори кажале и дека во владин артилериски напад врз болница во градот Атариб се убиени седум цивили, меѓу кои жена и дете.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе