Руски амбасадор во Британија: Русија нема да користи нуклеарно оружје (ВИДЕО)

Обвинувањата за воени злосторства во украинскиот град Буча се „измислици", изјави денеска Андреј Келин, рускиот амбасадор во Велика Британија во интервју за програмата на Би-би-си „Во недела наутро". Тој исто така вели дека руските сили не гранатираат цивили.

Фото: скриншот

„Градоначалникот на Буча во својата прва изјава потврди дека руските трупи си отишле, сè е чисто и мирно, градот е во нормална состојба. Ништо не се случува, нема тела на улиците“, рече Келин.

Едномесечната руска окупација на Буча и други места околу Киев резултираше со стотици мртви, а руските трупи се повлекоа на крајот на март откако не успеаја да го опколат главниот град. Москва одби да ја прифати одговорноста за злосторствата, постојано тврдејќи дека извештаите за неселективни убиства, масовни гробници, исчезнувања и грабежи се лажни.

На прашањето дали доказите се фабрикувани, Келин одговори: „Според нас, тоа е измислица. Се користи само за прекин на преговорите“.

Наведувајќи дека руската инвазија била „ограничена операција“, а не војна, Келин рече: „Можам да ве уверам дека не е наша идеја да убиваме цивили“. Тој додаде дека руската армија цели само на воената инфраструктура со цел „да ги намали украинските способности“.

Келин рече дека не верува дека Русија ќе употреби тактичко нуклеарно оружје во војната против Украина. Русија има многу строги одредби за нивна употреба, вели Келин, додавајќи дека се користат „главно кога е во опасност постоењето на државата“.

„Тоа нема никаква врска со сегашната операција“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе