9М729 за искандер-М

Руската војска им ги покажа новите, „мистериозни“ ракети на странски новинари (ВИДЕО)

Русија денес им го покажа на странските воени аташеа и новинарите системот за крстосувачки ракети за кои Соединетите Држави тврдат дека го кршат договорот за контрола на вооружувањето (ИНФ) од времето на Студената војна.

Вашингтон се закани дека ќе се повлече од договорот за нуклеарно оружје со среден дострел (ИНФ) тврдејќи дека новата руска ракета новатор 9М729 (која НАТО ја вика ССЦ-8) го крши тој договор, кој се однесува на распоредување ракети со краток и среден дострел во Европа.

Русија тврди дека дострелот на ракетата никако не е поголем од 500 километри како што тврдат САД, што значи дека е во согласност со ИНФ. Москва го обвини Вашингтон дека измислил лажен изговор за да се повлече од договорот што и онака сака да го напушти за да развива нови ракети.

Заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков на денешниот брифинг за новинарите кажа дека Вашингтон бил јасен преку дипломатските канали дека неговата одлука за напуштање на договорот е конечна и дека не е отворен за дијалог. Русија го покажа ракетниот систем по брифингот, а настанот го пренесуваше државната телевизија.

Висок воен функционер на брифингот кажа дека крстосувачката ракета е модернизирана верзија на руската ракета 9М728 за лансерите искандер-М.

Новата верзија има максимален дострел од 480 километри, 10 километри помалку од 9М728, што значи дека е целосно во согласност со ИНФ, изјави генералот Михаил Мтвејевскиј, кој е на челото на руските ракетни сили и артилеријата.

ИНФ предвидува елиминација на сите ракети и лансери со нуклеарни и конвенционални боеви глави со краток (од 500 до 1.000 километри) и среден (1.000 до 1.500 километри) дострел. Договорот не се однесува на ракетите стационирани на бродови и подморници.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе