Руската верзија на Мекдоналдс ги отвори своите први ресторани. Вкусно и точка! (ФОТО+ВИДЕО)

Првите ресторани на руската верзија на синџирот ресторани Мекдоналдс се отворени денеска, откако американскиот синџир за брза храна ја напушти земјата и го продаде својот имот во Русија.

Фото: ЕПА

Петнаесет ресторани се отворени во и околу Москва под ново име и лого, но на истите локации, со истиот персонал и со речиси идентични понуди за храна. Новото лого е претставено пред неколку дена, а денеска беше откриено и името: Вкусно и точка!

На отворањето имало голема гужва.

По повеќе од 30 години, Мекдоналдс ги затвори своите руски ресторани во март како одговор на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина.

Синџирот вработувал повеќе од 62.000 луѓе во земјата. Некои ресторани на аеродромите и железничките станици засега ќе продолжат да работат под официјалното американско лого поради посебните договори кои не е лесно да се раскинат.

Новиот сопственик е Александар Говор, кој од 2015 година има лиценца на Мекдоналдс за 25 ресторани во Сибир.

Говор ги откупи сите 825 локации на Мекдоналдс низ целата земја и тврди дека има намера повторно да ги отвори сите во рок од два месеци.

Отворањето на руската верзија на Мекдоналдс во последните денови предизвика голема расправа на руските социјални мрежи. Државниот весник „Росијскаја газета“ посвети цела страница на „рускиот Мекдоналдс“.

Високиот интерес за темата постои делумно поради историското значење на Мекдоналдс во земјата.

Отворањето на првиот ресторан на американскиот синџир за брза храна во 1990-тите, пред кој се формираа редици долги 500 метри, беше знак за промена во земјата.

Затворањето на рестораните изгледа подеднакво симболично за ескалацијата на тензиите меѓу Западот и Москва.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе