Мантуров ја запознал Брнабиќ со тоа до каде се стигнати со производството на руската вакцина против коронавирусот Спутник V.
Рускиот министер потврдил дека пратка од вакцината за лабораториско тестирање, во количество од 20 дози, ќе стигне во Србија до крајот на оваа недела.
Брнабиќ истакна дека српската влада работи на тоа на граѓаните на Србија вакцината против коронавирусот да им биде достапна во најкраток можен рок.
Српската премиерка истакна и дека целта е граѓаните да можат да изберат која вакцина ќе ја примат, а во согласност со препораките и одобрувањата на надлежните здравствени установи на Република Србија.
Таа додаде и дека Србија е заинтересирана за можноста за заедничко производство на вакцината против коронавирусот.