Руската полиција уапси повеќе од 100 лица по протестот против уставните измени

Руската полиција синоќа уапси повеќе од 100 луѓе по неодобрените демонстрации во Москва против уставните измени.

Фото: ЕПА

Невладината организација ОВД-инфо, која е специјализирана за следење на апсењата, рече дека се уапсени 103 лица.

Репортерите на Франс прес виделе како полицијата апси демонстранти и новинари во центарот на Москва по демонстрациите на Пушкиновиот плоштад, одржани на дожд.

Протестот се одржа поради уставните измени неодамна усвоени на повеќедневниот референдум со гласови од 78% од гласачите.

Измените на Уставот на Русија му овозможија на претседателот Владимир Путин да се кандидира на уште два мандати на чело на државата, така што тој сега може да остане на таа позиција до 2036 година.

И руската новинска агенција ТАСС објави дека повеќе од 100 лица се уапсени, повикувајќи се на полициски извори.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе