Руската Пацифичка флота почна голема воена вежба во меѓународни води (ВИДЕО)

Руската морнарица почна голема воена вежба во централниот Тихи Океан во која учествуваат 20 бродови, подморници и помошни пловила, соопшти руското министерство за одбрана.

EPA-EFE

Вежбата се одржува во меѓународни води и ќе биде придружувана од 20-тина авиони, вклучувајќи противподморнички летала и ловци-пресретнувачи.

Маневрите, со кои командува шефот на руската Пацифичка флота Сергеј Авакјантс, се одржува на 4.000 километри од домашните бази на рускиот Далечен исток, и во нив учествува и главниот брод на флотата, крстосувачот Варјаг.

Според руското министерство за одбрана, морнарицата во меѓународните води вежба раководење со голема група различни бродови „на значителна оддалеченост“ од базите, организирање воени операции за потрага и лоцирање на непријателски бродови.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопшти дека оружените сили ќе одржуваат подготвителни вежби пред заедничката руско-белоруска вежба Запад-2021, која треба да се одржи во септември.

Тој истакна дека воените вежби се одржуваат секои четири години и во согласност со меѓународните договори.

„Сепак, од некоја причина, (нашите вежби) предизвикуваат големи стравувања кај западните соседи“, истакна Шојгу.

Во мај НАТО ја почна вежбата Бранител на Европа 2021, голема воена вежба во која учествуваат 26 држави, вклучувајќи ги САД. Според Вашингтон, во мултинационалната вежба учествуваат 28.000 припадници на воените персонали.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе