Инцидент со експериментално гориво

Руската нуклеарна агенција соопшти дека 5 експерти загинале во експлозијата во ракетната база (ВИДЕО)

Руската државна нуклеарна агенција Росатом извести денес дека пет нејзини нуклеарни експерти загинале во несреќата за време на тестирање на воениот полигон на северот на Русија, пренесува РИА.

Несреќата се случила за време на тестирање ракетен мотор со експериментално течно гориво, соопшти Росатом.

Нуклеарната агенција извести и дека во несреќата уште тројца членови на нејзиниот персонал добиле повреди од различен степен, вклучувајќи изгореници, и дека се подложени на потребниот специјализиран третман во специјални установи.

Руските власти претходно соопштија дека во инцидентот загинале две лица и дека најблискиот град објавил пораст на радијацијата кога во четвртокот ракетен мотор експлодираше на полигон за тестирање во воената база во регионот Архангелск.

Беше соопштено и дека морал да биде затворен дел од заливот во Белото Море за поморски сообраќај.

Локалните медиуми јавија дека жителите на регионот по несреќата набавуваат јод кој се користи за намалување на ефектите на изложеноста на зрачење.

Руското министерство за одбрана соопшти неколку детали за несреќата. Иако на почетокот беше јавено дека никакви штетни хемикалии не се испуштаа во атмосферата и дека нивото на зрачење е непроменето, властите во блискиот град Северодвинск известија за, како што беше објаснето, краток скок на радијацијата.

Нема официјално објаснување зошто таква несреќа би предизвикала пораст на зрачењето, наведува Ројтерс.

Агенцијата пишува и дека соопштението за зрачењето кое градот Северодвинск го даде вчера без објаснување исчезна од интернет.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе