Руската новинарка обвинета за дискредитација на војската пратена во психијатриска болница во Сибир

Руската новинарка Марија Пономаренко, која во април беше приведена во Санкт Петербург под обвинение за дискредитација на руските вооружени сили во објавите на социјалните мрежи за војната во Украина, е префрлена во сибирска психијатриска болница, објави нејзиниот адвокат на 2 јули.

Фото: Твитер

Адвокатот Сергеј Подолски рече дека Пономаренко ќе биде под опсервација во Клиничката психолошка болница Алтај 28 дена. Пономаренко, која живее и работи во градот Барнаул во регионот Алтај и е мајка на две мали деца, беше префрлена од Санкт Петербург во Барнаул на крајот на минатиот месец.

„Денес отидов таму и ѝ предадов пакет“, изјави за Радио Слободна Европа активистката од Новосибирск, Јана Дробхоход.

„Не смее да прима писма или посети од нејзините роднини. Дозволено ѝ е да се сретне со своите адвокати“, рече таа.

На Пономаренко ѝ се закануваат 10 години затвор за објава на Телеграм за руското бомбардирање театар во украинскиот град Мариупол во кое загинаа стотици цивили.

Рускиот закон донесен во март го криминализира ширењето на „лажни“ извештаи што ги „дискредитираат вооружените сили“.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе