Според американски разузнавачи

Руската мистериозна нуклеарна експлозија се случила при вадење ракета од море

Мистериозната експлозија во северна Русија, која предизвика засилување на нивото на зрачење, се случила за време на мисија за спасување нуклеарна крстосувачка ракета од дното на морето, проценија американските разузнавачи, објави Москва тајмс.

Пет нуклеарни инженери загинаа во експлозија на течен погонски систем во руски поморски објект за тестирање ракети, што доведе до кратко засилување на радијацијата на 8 август. Тајноста околу несреќата ги поттикна надворешните набљудувачи да шпекулираат дека во експлозијата била вклучена нуклеарната интерконтинентална крстосувачка ракета Буревестник, која НАТО ја нарече СССК-Х-9 Скајфол.

„Ова не беше ново лансирање на оружјето, туку мисија за спас на загубена ракета од претходен тест“, рече неименуван американски службеник со директно познавање на американската разузнавачка процена, објави Си-ен-би-си.

Руски екипажи на три брода минатата година се подготвувале да спасат ракета што слетала во Баренцово Море за време на неуспешен тест во ноември 2017 година, објави Си-ен-би-си минатата година, исто така цитирајќи американски разузнавачки извештај.

„Имало експлозија на еден од бродовите и тоа предизвикало реакција во нуклеарното јадро на ракетата, што довело до истекување радијација“, изјавил друг неименуван извор во четвртокот.

Радио Слободна Европа дојде до истиот заклучок откако ги анализирала фотографиите од контејнерите за нуклеарен отпад на локации на кои се смета дека претходно се тестирала Буревестник.

Русија тестираше четири од ракетите меѓу ноември 2017 и февруари 2018 година и секој тест резултираше со уривање, рекоа претходно анонимни луѓе за Си-ен-би-си.

Владините претставници во седмиците по несреќата реагираа таинствено, повремено давајќи и контрадикторни информации, вели Москва тајмс.

Претседателот Владимир Путин рече дека експлозијата се случила при тестирање на, како што рече, надежни нови системи за оружје. Минатата година, Путин се пофали со, како што рече, неограничениот опсег на Буревестник.

Четири од руските станици за следење на нуклеарно зрачење молчеа во деновите по експлозијата, а лекарите во регионот рекоа дека воопшто не биле предупредени дека лекуваат пациенти изложени на радијација.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе