„Грешници што ќе треба да се каат цел живот“

Руската црква: Одбивањето на вакцинацијата е грев

Влијателната Руска православна црква ги прекори луѓето што одбиваат да се вакцинираат против ковид-19, нарекувајќи ги грешници што ќе треба да се каат до крајот на животот.

Фото: ЕПА

Црквата ги повика верниците да се вакцинираат откако во Русија вчера беа регистрирани 24.353 новозаразени со ковид-19, вклучувајќи и 6.557 во Москва.

Поради ширењето на делта-сојот, за кој властите во Москва велат дека претставува 90 проценти од новите случаи во градот, неколку руски региони наредија задолжителна вакцинација за вработените во одредени сектори.

Националниот кризен штаб вчера објави дека 654 лица починале од последици на коронавирусот во претходните 24 часа, по што, според нивните податоци, бројот на смртните случаи во Русија се зголемил на 138.579.

Федералната агенција за статистика води посебна евиденција, според која 270.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот се регистрирани во Русија од април 2020 до април 2021 година.

Во телевизиско обраќање митрополитот Иларион, одговорен за надворешни црковни работи во Московската патријаршија, рече дека оние што одбиваат да бидат вакцинирани прават „грев за кој ќе мора да се искупуваат целиот живот“. „Секој ден сум сведок на ситуации во кои луѓето доаѓаат кај свештеник за да се исповедаат дека тие или некој нивен близок одбиле да се вакцинираат и на тој начин ненамерно предизвикале нечија смрт. Грев е да мислиш за себе, а не за другите луѓе“, рече Иларион.

Мнозинството Руси, околу 54 проценти, сè уште не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот, покажа независна анкета на јавното мислење, чии резултати беа објавени вчера.

Повеќето учесници во истражувањето, спроведено од Левада-центарот, рекле дека не сакаат да се вакцинираат поради страв од несакани ефекти. Околу 41 процент од испитаниците што не сакаат да се вакцинираат изјавиле дека тоа нема да го сторат под никакви околности, додека околу 24 проценти рекле дека ќе сакаат да се вакцинираат кога ќе бидат завршени сите истражувања што ја гарантираат безбедноста на вакцините.

Седум проценти од испитаниците изјавиле дека би се вакцинирале само под закана со насилство.

Истражувањето спроведено од Левада-центарот, исто така, покажа дека мнозинството Руси, околу 57 проценти, не се плашат дека ќе се заразат со ковид-19, додека 41 процент од нив рекле дека се плашат од инфекцијата.

Иако резултатите од првичните истражувања во фаза 3 објавени во престижното научно списание „Лансет“ во јануари годинава покажаа дека руската вакцина Спутник V е безбедна и ефикасна во 91,6 проценти од случаите, Русија сè уште ги нема објавено резултатите од последната фаза 3 за Спутник или за која било од другите три нејзини домашни вакцини.

Русија моментално бара одобрување за Спутник V од Светската здравствена организација и од Европската медицинска агенција. Двете регулаторни агенции спроведоа инспекции на руските објекти за производство на вакцини како дел од стандардната постапка за одобрување. Ниту СЗО ниту ЕМА сè уште ги немаат објавено резултатите од овие инспекции.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе