Проект вреден 2 милијарди долари

Руската црква ќе гради „православен Ватикан“

Руската православна црква има планови за изградба на сопствен Ватикан, за кој ѝ се потребни околу две милијарди долари. Разговорите на црковните власти со раководството на градот Сергиев Посад во московскиот регион се водат уште од 2017 година.

Намерата е градот да се претвори во „главен град на православието“, јавува Москоу тајмс.

Сергиев Посад е местото каде што се наоѓа манасторт Тројца – Сергиева лавра, кој се смета за духовен центар на Руската православна црква. На почетокот на оваа година црквата побарала од рускиот претседател Владимир Путин да го поддржи проектот, изјавил неименуван извор од руската влада.

Манастирот во 1345 година го основал еден од најславените руски светци, свети Сергеј Радонешки, кој изградил дрвена црква во чест на Светото Тројство на ридот Маковец. Статусот на лавра, односно манастирска населба, манастирот го стекнал во 1744 година.

Црквата сега планира околу манастирот да изгради голем комплекс згради, се наведува во документот од 300 страници, а како инспирации за проектот се наведени Ватикан, Ерусалим и Мека.

Стратегијата повикува на реструктуирање на Сергиев Посад, делејќи го на духовни, станбени и управни окрузи.

Градоначалникот Михаил Токарев процени дека проектот ќе чини околу 140 милијарди рубљи, околу две милијарди долари, и дека ќе заземе една третина од центарот градот, а во него би требало да има музеи, културни центри, теолошка библиотека, хотел, висок црковен суд, медицински центар и православен медиумски центар.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе