ФСБ

Руска разузнавачка служба уапси финансиер на Исламска држава (ВИДЕО)

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го приведе 26-годишниот Георги Гуев поради сомнеж дека ѝ пружал финансиска поддршка на терористичката организација Исламска држава.

„Осомничениот собирал финансиски средства и ги помагал ИСИС и Исраил Акабиев, познат како Абу Умар Саситлински. Поради криминалните активности на Гуев во периодот од 2015 до 2019 година на Исламска држава ѝ биле уплатени најмалку 50 милиони рубљи (687.850 евра). Тие пари ги користеле терористички групи и со нив се организирале терористички напади“, изјави Светлана Петренко, портпаролка на рускиот Истражен одбор.

ФСБ во текот на апсењето ги запленила банкарските картички на осомничениот, лаптоп и мобилни телефони. Гуев за време на траењето на истрагата на рускиот Истражен одбор ќе биде во притвор, а против него ќе биде поднесено обвинение.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе