Руска политичарка: Русинки, не прифаќајте секс со навивачи од други раси

Русинките би требало да избегнуваат секс со небели странци за време на фудбалското Светско првенство бидејќи можат да станат самохрани мајки на деца од мешана раса, предупреди високопозиционирана пратеничка во руската Дума.

Дури и кога руските жени се венчаваат за странци, бракот обично лошо завршува, предупреди Тамара Плетњова, претседателка на парламентарниот одбор за семејство, жени и деца. Жените често заглавуваат во странство без шанса да си ги добијат децата, тврди таа.

Плетњова неверојатниот коментар го даде во интервју за локална радиостаница одговорајќи на прашање за феноменот наречен „децата на Олимписките игри“ од 1980 година во Москва, кога контрацепцијата не беше широко достапна во земјата.

Тамара Плетњова

Тој термин специфично се однесува на нелеите деца кои биле зачнати на меѓународни настани во врски меѓу руски жени и мажи од Африка, Јужна Америка и Азија во времето на Советскиот Сојуз. Тие деца биле предмет на дискриминација поради својата мешана раса.

„Мораме да раѓаме наши деца. Тие деца (од мешана раса) патат уште од советско време. Едно нешто е ако таткото е иста раса, но сосема друго ако е од мешана раса. Не сум националист, но знам дека на децата не им е лесно. Тие се напуштени и тоа е тоа, остануваат тука со мајката“, објасни Плетњова зошто мисли дека сексот меѓу припадници на различни раси за време на Светското првенство е проблем.

Сепак, таа додаде дека би сакала руските граѓани да се венчаваат „од љубов, без оглед на етничката припадност“. Особено е интересно што Плетњова е пратеничка на Комунистичката партија, која е формално во опозиција, но ги поддржува Владимир Путин и неговата Обединета Русија во сите клучни прашања во Думата.

Илјадници фудбалски навивачи од 31 земја ќе заминат на Светското првенство во Русија кое почнува денес со свечено отврање и првиот натпревар меѓу домаќинот и Саудиска Арабија. Ни ФИФА ни организацискиот одбор на Светското првенство во Русија не ги коментираа забелешките на пратеничката.

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе

Ако нешто е направено спротивно на законот, тогаш тоа што е направено е ништовно по силата на правото (ipso iure). 

повеќе

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе