Руска нуклеарна подморница првпат лансираше суперсонична крстосувачка ракета Циркон (ВИДЕО)

Руската морнарица објави денеска дека за првпат успешно пробно лансирала суперсонична крстосувачка ракета Циркон од подморница со нуклеарен погон, оружје со кое претседателот Владимир Путин се пофали дека е дел од новата генерација на вооружениот систем без конкуренција.

Screenshot

Министерството за одбрана, кое во јули тестираше лансирање на проектилот Циркон од воен брод, објави дека проектилот сега е истрелан од подморницата Северодвинск додека била распоредена во Баренцовото Море и дека ја погодил избраната цел.

Снимката со низок квалитет објавена од министерството покажува дека проектилот е испукан во вис од подморница, а неговиот отсјај го осветлува ноќното небо и површината на водата.

„Се чини дека експерименталното лансирање на проектилот Циркон од нуклеарна подморница беше успешно“, велат од министерството.

Некои западни експерти се прашуваат колку е напредна новата генерација оружје на Русија, имајќи предвид дека комбинацијата на брзина, маневрирање и надморска височина го отежнува неговото следење и пресретнување.

Брзината на Циркон (9.800-11.025 км/ч) оневозможува да биде запрен од какви било противвоздушни системи.

Во јули, дел од снимката на која се гледа напредниот руски нов ракетен систем С-500, земја-воздух, намерно е замаглен за да биде потешко да се истражи во детали.

Во 2018 година, Путин најави ново суперсонично оружје во еден од своите највоинствени говори во последните години, велејќи дека тие би можеле да ја погодат речиси било која точка во светот и да го избегнат американскиот ракетен штит.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе