Руска мафија убила српски работници па ги забетонирала во темели на хотел?

Руските државни органи на Краснодарската област ја сопреле истрагата за исчезнувањето на група српски работници по сознанието дека телата на работниците се наоѓаат залиени со цемент во темелите на ексклузивен хотел, пишува српски Телеграф.

Српските работници исчезнале во 2013 година во црноморскиот град Анапа, а нивната судбина сѐ уште е мистерија. Се верува дека српските работници кои ја граделе зградата на локалниот суд по налог на руски тајкун, и тоа наводно бесплатно, биле убиени, а потоа забетонирани во темелите на луксузната зграда во летувалиштето северно од Сочи на брегот на Црното Море.

Српските медиуми, повикувајќи се на руските, пишуваат дека истрагата била сопрена затоа што, за да се дојде до телата на работниците, треба да се сруши цел комплекс згради. Што навистина се случило и понатаму останува мистерија.

Последните информации за работниците од 2013 година главно се однесуваат на нивен бунт против членови на руската мафија. Наводно, рускиот тајкун и поранешен вработен во собранието на Краснодарскиот регион Сергеј Зиринов им наредил на Србите додека го градат неговиот комплекс хотели бесплатно да ја изградат и зградата на регионалниот суд. Откако се побуниле, исчезнале.

Потоа, во март 2013 година, Зиринов беше уапсен за обид за убиство. Подоцна обвинението беше променето и Зиринов беше обвинет за разбојништво и убиство на неколку лица. Осуден е на 22 години затвор.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе