Руска космонаутка со Спејсекс патува со американски астронаути кон Меѓународната вселенска станица

Компанијата Спејсекс на Илон Маск денес од Флорида лансираше екипаж на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за НАСА, вклучувајќи руска космонаутка која ќе соработува со двајца Американци и јапонски астронаут во рамки на мисијата.

Скриншот Јутјуб

Лансерот на Спејсекс, чии делови се ракетата Фалкон 9 и капсулата Кру драгон наречена Ендјуранс на врвот, полета на пладне по локално време (18 часот по средноевропско) од вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал на Флорида.

Се очекува четиричлениот екипаж и нивната автономна летечка капсула да стигнат до Меѓународната вселенска станица за околу 29 часа, утре навечер, кога ќе ја почнат 150-дневната научна мисија во орбиталната лабораторија на околу 420 километри од Земјата.

Мисијата наречена Кру-5 е петтата која НАСА ја испраќа со летало на Спејсекс, компанија формирана од сопственикот на Тесла Маск.

Тимот го предводи Никол Аунапу Ман, 45-годишна искусна пилотка која се впишува во историјата на вселенските летови како прва домородна астронаутка која НАСА ја испратила во орбитата и првата жена која го зазела командното место во Кру драгон на Спејсекс.

Мисијата Кру-5 е значајна и по вклучувањето на 38-годишната Ана Кикина, единствената космонаутка на активна должноста во руската вселенска агенција Роскосмос, и покрај засилените американско-руски тензии поради војната во Украина.

Кикина всушност го замени местото со астронаутот на НАСА кој минатиот месец доби место во рускиот Сојуз кој леташе кон ИСС, според новиот договор за споделување на превозот кој НАСА и Роскосмос го потпишаа во јули.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе