Руска ФСБ: Спречен терористички напад на Турски тек

Приведени се четворица руски државјани.

Фото: ЕПА

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) денеска соопшти дека спречила терористички напад од украинските специјални сили на Јужниот гасен коридор (Турски тек), а приведени се државјани на Руската Федерација што учествувале во подготовка на тероризам.

Центарот за односи со јавноста на ФСБ во Русија ја открил оваа информација за агенцијата ТАСС.

„ФСБ спречи обид на украинските специјални сили да извршат саботажа и терористички акт на Јужниот гасен коридор, преку кој се испраќа гас во Турција и Европа“, соопшти Центарот на ФСБ.

Се наведува дека се приведени четворица руски државјани.

Агенцијата РИА новости посочува дека при претресот на становите на осомничените биле пронајдени четири магнетни мини, четири килограми пластичен експлозив, 593.000 рубли и средства за комуникација, кои содржеле преписка и преговори со шефот на украинските специјални служби.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе