Блиска средба во Мексиканскиот Залив

Руска фрегата пристигна на Куба под будното око на американската морнарица (ФОТО+ВИДЕО)

Фрегата на руската морнарица вооружена со крстосувачки проектили пристигна во пристаништето на Хавана, а додека рускиот воен брод со својата придружба се приближувал кон Куба, бил внимателно следел од американски воени бродови.

Фрегатата Адмирал Горшков, вооружена со проектили калибр, тргнала од руското пристаниште Североморск на крајот на февруари на повеќемесечното патување, посетувајќи ги Кина, Џибути и Шри Ланка пред вчера да пристигне на Куба. Таа е придружувана од неколку помошни бродови.

Додека рускиот брод пристигнувал кон брегот на Куба, ракетниот разурнувач УСС Џејсон Данам го следел на раздалеченост од само неколку километри.

Рускиот брод Адмирал Горшков беше предмет на интерес во март кога мина во близина на брегот на Шкотска, а западните медиуми јавуваа дека на бродот има „халуциногено оружје“, мислејќи на 5П-42 филин, уредот за „електроптички контрамерки“.

Посетата на руската ракетна фрегата на Хавана ќе ја разгори нервозата во Вашингтон, особено на Белата куќа која продолжува да ја обвинува Москва за непочитување на договорите за ограничување на ракетното оружје, пишува Раша тудеј.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе