Руска филмска екипа пристигна на Меѓународната вселенска станица, ќе снима филм (ВИДЕО)

Руска филмска екипа пристигна на Меѓународната вселенска станица (ИСС) во првиот обид во светот да сними игран филм во вселената.

Screenshot

Руската актерка Јулија Пересилд и режисерот Клим Шипенко вчера полетаа од космодромот Бајконур во Казахстан. Од преносот во живо на руската вселенска агенција Роскосмос и руската државна телевизија се гледа како ракетата Сојуз се издига во чистото небо.

„Сè оди нормално", извести центарот за контрола на летови. По повеќе од три минути, ракетата стигна до орбитата на Земјата. Ракетата Сојуз МС-19 со филмската екипа и космонаутот Антон Шкаплеров експресно стигна до ИСС за 3 часа и 37 минути од лансирањето.

„Тогаш капакот се отвори и тројца руски членови на екипажот влегоа во станицата, со што бројот на жители се зголеми на десет", објави ИСС на Твитер. Снимањето треба да започне веднаш по пристигнувањето, најави Пересилд пред лансирањето на ракетата. Според Роскосмос, за снимањето се планирани 12 дена.

Филмот има привремен наслов Предизвик и ќе раскаже приказна за докторка, играна од Пересилд, која треба да лета до ИСС за да го спаси животот на космонаутот кој се разболел. Според Русија, тоа ќе биде прв игран филм снимен во вселената, а не во студија на Земјата. Соединетите Држави исто така планираат да снимат филм таму, но датумот сè уште не е одреден.

Рускиот филмски проект е исто така и документарен филм за вселенската индустрија и професијата космонаут. Пересилд и Шипенко треба да се вратат на Земјата со космонаутот Олег Новицки на 16 октомври, објави американската вселенска агенција НАСА, додека Шкаплеров ќе остане на станицата до март следната година.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе