Русите велат дека петте научници загинале при експлозија на нуклеарен реактор на ново оружје

Неуспешното лансирање на ракета што минатата недела резултираше со експлозија во која загинаа петмина научници на руското крајбрежје на Белото Море, најверојатно било резултат на дефект на мал нуклеарен реактор, рече Вјачеслав Соловјев, водечки службеник во институтот каде што работеле научниците.

Институтот работи на мали извори на енергија кои користат радиоактивни материјали, вклучувајќи фисилни и радиоизотопни материјали, и се наменети за цивилна употреба и за министерството за одбрана, пренесува Блумберг.

Научниците кои денес треба да бидат погребани, се сметани за национални херои и елита на рускиот сојузен нуклеарен центар, потврди директорот на институтот Валентин Костјуков во видеоснимка од Саров, град под силни безбедносни мерки на 400 км оддалеченост од Москва.

Експлозијата се случила на 8 август за време на тестирање на нова ракета на изотопен погон во близина на морското крајбрежје во рускиот арктички регион Архангелск, потврди руската државна нуклеарна компанија Росатом во текот на викендот.

Министерството првично соопшти дека во несреќата загинале двајца научници, без да се спомене нуклеарниот карактер на трагедијата.

Експлозијата на малиот нуклеарен реактор доведе до краткотрајно зголемување на радиоактивноста во блискиот град Северодвинск. Оваа информација кратко беше објавена на официјалната веб-страница на локалната власт, по што е повлечена и руските власти изјавија дека нивото на радиоактивност е во нормални граници, без да се дадат дополнителни детали за несреќата.

Веста за експлозијата довела до голема побарувачка на јод во околните градови, бидејќи се верува дека овој хемиски елемент може да спречи тироидната жлезда да дојде во контакт со радијацијата.

Норвешка исто така го засилила мониторингот на радиоактивноста во рамките на нејзините граници, но притоа ништо невообичаено не е забележано а мала е веројатноста радијацијата да биде детектирана и во Финска.

Росатом денес одбиле да дадат официјална изјава за трагедијата.

Руските медиуми шпекулираат дека е тестирано оружје од прототип на ракетата ССЦ-Х-9 Скајфол, познат во Русија како Буревестник. Ова е крстаречка ракета на нуклеарен погон која Владимир Путин му ја претстави на светот за време на своето обраќање пред нацијата минатата година.

Инцидентот уследи по серијата масовни експлозии во воениот магацин во Сибир минатата недела во кои загинаа 13 лица, а 16.500 лица биле принудени да ги напуштат домовите.

14 руски морнари загинаа во пожар што избувна во нуклеарна подморница во Баренцово Море во јули. Руските власти, исто така, првично одбиле да коментираат за инцидентот, подоцна тврдејќи дека „храбрите морнари ги дале своите животи за да спречат катастрофа од светски размери“.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе