„Соработуваме со голем број европски земји. Не е исклучено во некои од нив да ја произведуваме нашата вакцина, вклучувајќи ја Германија“, кажа Дмитриев.
Тој кажа дека на 22 октомври Фондот ја предал пријавата на Европското лекарско здружение за одобрување на вакцината, а неделава очекува посета од „висока делегација од Франција“.
Најави продолжување на соработката со Европската Унија и потврди дека Унгарија ќе биде меѓу првите европски земји кои „активно ќе работат“ на руската вакцина.
Руското министерство за индустрија и трговија во ноември објави дека Москва разговара со Будимпешта за производство на руската вакцина во Унгарија и дека таму веќе се подготвуваат производните капацитети.
Руската вакцина против ковид-19 Спутник V е меѓу десетте вакцини кои се развиваат во светот, а кои се најблиску до почеток на масовно производство.