За осуда на анексијата на украинските региони

Русите употребија вето на резолуција во ОН, Кинезите и Индијците воздржани

Русија денес употреби вето за да спречи усвојување на резолуција на Советот за безбедност со која се осудува анексијата на четирите украински региони, додека Кина и уште три држави членки беа воздржани.

EPA-EFE

Текстот подготвен од Соединетите Американски Држави и Албанија доби десет гласа за, а четири земји беа воздржани – Кина, Индија, Бразил и Габон. Русија беше единствена која гласаше против резолуцијата.

Американската претставничка во Обединетите нации Линда Томас Гринфилд ја претстави резолуцијата која ги повикува земјите членки да не признаваат никаков изменет статус во Украина и бара од Русија да ги повлече своите трупи.

Вашингтон сигнализираше дека текстот по Советот за безбедност ќе биде наметнат и во Генералното собрание, каде ниедна од 193 држави членки нема право на вето. Русија претходно денес анектираше четири украински региони, потег кој го осудија западните земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе