Русите тврдат дека НАТО сака да ја окупира БиХ

Амбасадата на Русија во Босна и Херцеговина го обвини НАТО дека подготвува „планови за окупација“ на таа земја, заострувајќи ја реториката поради плановите таа на сила да се приклучи на западниот воен пакт.

EPA-EFE

На страницата на Фејсбук на амбасада беше објавено дека „забележале сè повеќе нагаѓања“ за судбината на мировната операција на Европската Унија во БиХ наречена Алтеа, чиј мандат е да ја надгледува безбедноста во таа земја и воено да реагира во случај на потреба.

Мандатот на Еуфор во БиХ секоја година мора да го продолжи Советот за безбедност на ОН, а се појавија претпоставки дека Москва во ноември годинава би можела да стави вето како резултат на глобалниот судир со Западот околу војната во Украина.

НАТО претходно потврди дека разгледува и такво сценарио и дека разработуваат планови кои ќе обезбедат БиХ да не е во безбедносен вакуум, особено поради светската криза предизвикана од руската агресија на Украина. Руската дипломатија сега тоа го опиша како „пропагандна врева“ чија крајна цел е да се внесе БиХ во НАТО.

„Се чини дека одделни западни држави, пред сè САД и Британија, подготвуваат терен за ползечка „натоизација“ на БиХ. Тоа воопшто не се прави во интерес на јакнењето на внатрешната безбедност во БиХ, која, како што и самиот Запад потврдува, не е загрозена, туку за геополитичка доминација“, се наведува во руската изјава.

Се додава дека „не се исклучуваат провокации со кои ќе се докаже „слабоста“ на Еуфор и потребата од негова замена со окупаторски трупи на НАТО“.

Оценија дека состојбата во БиХ е стабилна и дека не било потребно ни Германија да испраќа свои трупи како засилување на Еуфор, а особено ги отфрлаат повиците на ризици поради војната во Украина.

На властите во БиХ им испратија повик да не учествуваат „во наметната игра со означени карти“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе