Русите тврдат дека Курдите почнале да се повлекуваат од сириско-курдската граница

Курдските сили почнале да се повлекуваат од областа во близина на турската граница во Сирија, кажа заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Вершињин.

Русија, блиска сојузничка на Сирија, им кажа вчера на силите на сириските Курди да се повлечат од границата врз основа на договорот на рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган според кој сириските и руските сили ќе се распоредат на североистокот на Сирија.

„Со задоволство гледам дека договорите постигнати во Сочи се спроведуваат. Сѐ се спроведува“, истакна Вершињин.

Овинската агенција РИА Новости претходно јави, повикувајќи се на извор од руското министерство за одбрана, дека Русија ќе испрати уште 276 воени полицајци и 33 пратки со опрема во Сирија за една недела.

Москва веќе распореди одреден број воени полицајци на турско-сириската граница според договорот постигнат во вторникот во Сочи.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе