Болниците месецов ќе почнат да го користат

Русите тврдат дека имаат ефикасен лек за коронавирусот

Русија одобри еден од лековите против грип, авифавир, за лекување на ковид-19 и месецов ќе почне со испорака до болниците, според рускиот фонд РДИФ.

Фото: ЕПА

Фондот обезбедува пари за развој и производство на лекот во Русија, кој се базира на фавипиравир, лек против грип, развиен во Јапонија под името авиган, во заедничка инвестиција од 50-50 со руската фармацевтска фирма КемРар.

Прелиминарните испитувања покажаа дека тој може да го скрати времето на оздравување кај пациентите со ковид-19. Во тек е последната фаза од клиничките испитувања на авифавир, во кои се вклучени 330 пациенти, соопштија денеска РДИФ и КемРар, но Министерството за здравство на Русија во саботата веќе привремено го одобри користењето на лекот како третман за коронавирусот.

„Тоа е голем, голем чекор напред“, рече денеска извршниот директор на РДИФ, Кирил Дмитриев, за Си-ен-би-си.

„Веруваме дека сега има само двa антивирусни лекови против вирусот што се навистина ефикасни, тоа се ремдесивир, направен од САД, и овој фавипиравир, кој исто така многу ветува“, рече тој за Си-ен-би-си.

РДИФ и групата КемРар денеска соопштија дека во јуни ќе достават 60.000 дози авифавир во руските болници.

Според податоците добиени од едно претходно клиничко испитување на лекот, 65% од 40 пациенти биле тестирани негативно за коронавирус по петдневно лекување, што е двојно повеќе отколку кај групата со стандардната терапија, рекоа РДИФ и КемРар минатиот месец.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе