Русите тврдат дека го модифицирале Спутник V за употреба против делта сојот

Руски истражувачи објавија дека ја модифицирале вакцината против коронавирусот Спутник V, која се користи повеќе од една година, за употреба против позаразниот делта сој на вирусот.

EPA-EFE

„Вакцината која ја модифициравме е веќе во ладилник“, кажа вчера за агенцијата Интерфакс директорот на Институтот Гамалеја Александар Гинзбург. Додаде дека е сè уште рано да се зборува за степенот на ефикасност на вакцината.

И останатите произведувачи на вакцини во светот работат на измени на своите вакцини за да бидат што поефикасни против делта сојот.

Истовремено Гинзбург се залага за употреба на вакцината наречена Спутник лајт како бустер вакцина за оние кои двапати ја примиле вакцината на Фајзер/Бајонтек.

Русија досега разви вкупно четири вакцини против ковид-19 и работи на петта, соопштија руските власти.

Спутник V, која е одобрена во околу 70 земји, е пласирана и ја има на меѓународниот пазар.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко кажа дека стапката на ефикасност на Спутник V изнесува 83 отсто кога станува збор за заразата со делта сојот.

Русија, како бројни земји во светот, во моментов се бори со делта варијантата. Таму секојдневно се регистрираат околу 800 смртни случаи од последици на ковид-19.

Според официјалните податоци, досега во Русија се вакцинирани 41,5 милиони луѓе или 28,4 отсто од населението, од кои 33,5 милиони двапати, што значи целосно се вакцинирани 22,9 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе