Во Црно Море

Русите тргнаа во потрага по разурнувачи потопени од Германците во 1943 (ВИДЕО)

Во Црното Море во тек е потрага по три потонати советски разурнувачи, а снимки од потрагата објави официјалната телевизија на руското министерство за одбрана Звезда.

Се трага по разурнувачите „Харков“, „Беспоштедниот“ и „Способниот“ кои испловиле на 5 октомври 1943 година од пристаништето Туапсе за да ја попречат евакуацијата на германските трупи од Таманскиот Полуостров на Крим.

Вториот ден по гранатирањето на Јалта советските бродови тргнале кон својата база, но германската авијација ги открила и ги бомбардирала.

Тие долго време успевале да одолеат – пред да потонат собориле 14 авиони и оштетиле 8.

Тогаш загинале над 780 морнари на Црноморската флота, додека 123 морнари се спасиле.

Обидите за откривање на остатоците на бродовите се водат во неутралните води на Црното Море, 150 километри од брегот.

Остатоците на бродовите ги бара повеќенаменскиот брод „Балтички истражител“ со специјална опрема за скенирање големи длабочини.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе