Русите спуштија телескоп за проучување неутрини во Бајкалското Езеро (ВИДЕО)

Руски научници во саботата спуштија еден од најголемите светски подводни вселенски телескопи во Бајкалското Езеро за да можат да ги проучуваат тајните на Универзумот од неговите недопрени длабочини.

Screenshot

Подводниот неутрински телескоп наречен „Бајкал ГВД“ е во изградба од 2015 година, а неговата крајна цел е да ги следи неутрините, најмалите од сите познати честички. Имено, експертите откриле дека еден засебен неутрино има маса што е околу милион пати помала од масата на електронот.

Руски научници го спуштиле телескопот на длабочина помеѓу 750 и 1.350 метри, околу четири километри од брегот на езерото.

Неутрините многу тешко се откриваат, а водата е ефикасен медиум за тоа.

Оптичките модули на телескопот ќе го проучуваат дното на езерото и ќе бараат неутрини, единствените честички кои земјината кора не ги запира, а телескопот е дизајниран да детектира интеракции помеѓу молекулите на водата во мразот и субатомските честички.

Се состои од вмрежени оптички сензори кои се спуштаат во правоаголни дупки во мразот, изјави за АФП Дмитриј Наумов од Заедничкиот институт за нуклеарни истражувања додека стоел на замрзнатата површина на езерото.

„Бајкал ГВД“ отсега ќе се натпреварува со „Ајс кјуб“, опсерваторијата за неутрини сместена во американската истражувачка станица на Антарктикот.

Руски научници велат дека нивниот детектор за неутрини е најголем во северната хемисфера. Тие појасниле дека Бајкалското езеро, најголемото слатководно езеро во светот, е идеално место за истражување поради неговата длабочина.

„Бајкалското езеро е единственото езеро каде што можете да поставите неутрински телескоп поради неговата длабочина“, изјави за АФП Баир Шојбонов од Заедничкиот институт за нуклеарни истражувања, додавајќи дека „проѕирноста на водата е исто така важна, како и тоа што се работи за слатководно езеро“.

„Исто така е многу важен фактот дека тука во текот на два, два и пол месеци имаме ледена покривка“.

Бајкалското езеро е длабоко 1.620 метри и зафаќа површина од 31.500 квадратни километри.

Телескопот „Бајкал“ е резултат на соработката на научници од Русија, Чешка, Словачка, Германија и Полска.

Легенда под Главна слика

Screenshot

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе