Русите се закануваат поради најавените американски трупи во Полска: „Се лизгаме кон опасен момент“

Руски пратеници изјавија денес дека новото испраќање на американски војници во Полска, кое го најави американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја присили Москва на одговор, а еден кажа и дека поради тоа Полска станува потенцијална мета во случај на конфликт.

Трамп вчера вети на средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда дека ќе испрати илјада американски војници во Полска, мерка што веќе подолго време ја бара Варшава за да одвраќање можна агресија од Москва.

Пратениците на руската Дума први реагираа на иницијативата која, како што велат, предвидува и распоредување воени беспилотни летала.

„Во случај на каков било конфликт, не дај Боже, територијата на Полска би станала јасна мета за одмазднички удар кога ние би биле ненадејно нападнати“, изјави за Интерфакс Владимир Џабаров, заменик шефот на одборот за меѓународни прашања на горниот дом на рускиот парламент.

Друг пратеник, поранешниот командант на руските специјални сили Владимир Шаманов, кој сега е шеф на одборот за одбрана во долниот дом, изрази загриженост поради американските дронови кои можат да носат нуклеарно вооружување.

„Светот постепено лизга кон опасен момент кој може да се спореди со Карипската криза“, изјави Шаманов, користејќи го рускиот назив за Кубанската ракетна криза од 1962 меѓу Соединетите Држави и Советскиот Сојуз која го доведе светот на раб на нуклеарна војна.

Рускиот парламент не е вклучен во донесувањето одлуки за надворешната политика освен кога Кремљ ќе побара формално одобрување од горниот дом за воена операција.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе