Русите сакаат да го испрашаат Навални во Германија

Руската полиција соопшти дека сака да го испраша опозицискиот лидер Алексеј Навални во Германија, за кој Берлин тврди дека бил отруен со нервен отров, што Москва го оцени како противруско и неосновано обвинување.

EPA-EFE

Русија досега ги отфрлаше повиците од Западот да спроведе транспарентна истрага, и покрај заканите со санкции.

Одделот за сообраќај на руското министерство за внатрешни работи објави денес дека од Германија ќе побара „руски инспектори да учествуваат во германската истрага“ во случајот Навални и да „можат да му поставуваат прашања“ откако тој во понеделникот се разбуди од кома.

Руските инспектори би требало да спроведат „предистрага“ за која велат дека е рутинска, откако на најголемиот критичар на Кремљ му се слоши за време на авионски лет. Москва сепак мисли дека ништо не упатува на извршено кривично дело.

Лидерот на руската опозиција, хоспитализиран во Германија, според неговите поддржувачи е отруен со новичок, на 20 август при престојот во Сибир поради истрага за корупција пред локалните избори на 13 септември.

Русија претходно побара Берлин да ѝ ги предаде сите документи за рускиот опозиционер, по наодите на германската воена лабораторија која во телото на Навални нашла отров од типот новичок, воен нервен отров произведен во Советскиот Сојуз.

Руските власти тврдат дека нивните анализи спроведени за време на хоспитализацијата на Навални во Омск, Сибир, пред неговото префрлање во Германија, не откриле никаков отров.

Тие повеќе пати ја доведуваа во прашање точноста на германските наоди.

„Не може да стане збор за кривична постапка (во Русија) врз основа на анализите кои ги спровела германската страна, уште повеќе поради тоа што се направени во (германска) воена лабораторија“, кажа денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Јавното обвинителство во Берлин соопшти денес дека добило упатства да „одговори на барањето (на Москва) за правна помош“, па и со испраќање информации за здравствената состојба на Навални, ако тој се согласи.

Москва ја обвини германската влада дека случајот Навални го користи за да го „наруши угледот“ на Русија и предупреди дека одбивањето на Берлин да го исполни нејзиното барање за пристап до документите ќе го сметаат за „груба и непријателска провокација“.

Во последните години отруени се неколку видни противници на Кремљ и претставници на опозицијата. Русија ги отфрла обвинувањата, а западните сили тврдат дека постојат докази.

Алексеј Навални во последните години објавуваше докази за корупцијата на руските елити и на најтесниот круг околу рускиот претседател Владимир Путин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе