Русите прогласија делумно повлекување, денешните преговори „конструктивни“

Украинскиот преговарачки тим рече дека предложил усвојување неутрален статус, кој ќе ја обврзе Украина да не се приклучува на воени сојузи или да биде домаќин на воени бази. За возврат, Украинците бараат безбедносни гаранции за траен прекин на воениот напад врз нивната земја.

Фото: ЕПА

Предлозите на Украина опфаќаат и 15-годишен период на консултации за статусот на анектираниот Крим и би стапиле во сила само во случај на целосен прекин на огнот, изјавија преговарачите за новинарите во Истанбул.

Предлозите се најдетални и најконкретни од сите што Украина досега ги објави во јавноста, пренесува Ројтерс.

„Ако успееме да ги консолидираме овие клучни одредби, а за нас тоа е најосновно, Украина ќе биде во позиција да го промени својот сегашен статус на неблоковска и ненуклеарна држава во форма на постојана неутралност“, рече преговарачот Олександер Чалиј во директен пренос на украинската национална телевизија.

„Ние нема да бидеме домаќини на странски воени бази на наша територија, ниту ќе распоредуваме воени контингенти на нашата територија, ниту ќе влегуваме во воено-политички сојузи“, додаде тој.

Русија: Радикално ги намалуваме воените активности

Се огласи и главниот руски преговарач и советник на Путин, велејќи дека е можна и средба меѓу Путин и Зеленски.

Владимир Медински оцени дека денешните разговори биле конструктивни.

„Добивме предлози од Украина да ја разгледаме нивната јасно формулирана позиција за мировниот договор. Предлозите во наредниот период ќе бидат разгледани и доставени до претседателот и ќе биде формулиран одговор“, рече Медински.

Тој рече дека Русија има намера да преземе два чекори за деескалација на ситуацијата во Украина - политички и воен. Воениот се однесува на повлекување во централна Украина, односно „радикално намалување на воените активности во близина на Киев и Чернихов“, како што формулираше Русија.

Медински рече и дека во иднина може да се сретнат рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски.

„Можна е средба меѓу Путин и Зеленски во исто време со прелиминарното потпишување на мировниот договор“, рече Медински.

Главниот руски преговарач на државната телевизија изјави и дека предлозите на Украина до Москва вклучуваат точка според која Русија би се согласила да не се противи на влезот на Украина во Европската Унија.

Турција: Ова е најголем напредок откако почнаа преговорите

И Турција се огласи за мировните преговори што денеска се одржаа меѓу Украина и Русија во Истанбул.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека првата средба лице в лице меѓу двете страни во повеќе од две недели довела до најзначајниот напредок од почетокот на разговорите.

Чавушоглу рече дека Турција го поздравува компромисот и заедничкото разбирање на двете земји за одредени прашања, повторувајќи дека војната мора да заврши што е можно поскоро.

Тој рече дека се очекува во иднина да се разговара за потешки прашања меѓу министрите за надворешни работи на Украина и Русија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе