Русите преку амбасадата во Хрватска ги провоцираат Американците (ФОТО)

Американскиот претседател пред неколку дена за нападите врз двата нафтени танкери во Оманскиот Залив, во близина на Персискиот Залив, го обвини Иран, како доказ нудејќи ја нејасната снимка што ја објави Пентагон.

„Иран го направи тоа“, изјави Трамп за Фокс њуз. „Се гледа брод со мина што не експлодирала и тоа го носи потписот на Иран“.

Одговорноста за нападот од минатата недела во близина на Ормушкиот теснец никој не ја презема, а Иран решително одбива дека е одговорен.

Во целата приказна се вклучија и Русите, а руската амбасада во Хрватска преку социјалната мрежа Фејсбук ги провоцира Американците.

Руската амбасада објави слика на која се гледа Иран со американски знаменца, кои ги означуваат наводните американски воени бази во околина.

„Иран отсекогаш ги мразел САД! Гледајте само како ја насадил својата земја во близина на американските бази“, пишува во коментарот на сликата.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе